Pala X Mylea – органски часовник од дрво и печурки

98

Mycotech, старт – ап од Индонезија, создаде вид на органска кожа од печурки. Овој нов вегански материјал, меѓу другото, беше искористен за часовник.

Материјалот е добиен користејќи мицелиум од печурки (делот од којшто никнуваат) наречен Мylea™️, а за потребите на производот стартапот соработуваше со компанијата за рачно изработени, дрвени часовници Pala Nusantara.

Часовникот Pala X Mylea е “обоен“ со природни бои добиени од лисја, корења и остатоци од храна, пишува Designboom.

Целта на Mycotech е оваа веганска кожа, којашто е еколошки материјал од обновливи извори, да помогне во намалување на штетните емисии од јаглерод диоксид. Тимот во процесот на нејзино производство користи исклучиво земјоделски отпад и биоразградливи материјали.

Стартапот има и своја кампања на платформата Kickstarter.

Фото: Mycotech