Паметен билборд на Fiat им помага на возачите при паралелно паркирање

23

fiat

Новиот билборд на Fiat, изработен од агенцијата Leo Burnett, всушност е асистент за паркирање. Билбордот е поврзан со специјален софтвер и сензори што мерат колку возачот што паркира е оддалечен од автомобилот зад него и проектира синхронизирани слики од луѓе “помагачи”.

Билбордот е поставен во неколку градови во Германија и е промоција на технологијата на Fiat, систем на сензори што ги предупредуваат возачите на објектите зад нив кога се враќаат во рикверц.