Паметен чадор “пее” и ја праќа својата локација ако е изгубен

30

XS_Metro-plus-tile-under-blue_0Компанијата Blunt  што се занимава со производство на висококвалитетни чадори создаде паметен чадор кој што сигнализира кога сопственикот ќе го заборави некаде.

Во чадорот има специјален вграден чип кој испушта звуци слични на пеење и ја испраќа локацијата каде што сопственикот последен пат го видел.

Според компанијата Blunt + TILE е еден од најцврстите чадори што отпорен на ветер и со него нема никогаш да имате проблеми со искривување, кршење и превиткување нанадвор.

1014_blunt2

Bluetooth чипот Tile е вешто скриен во мал џеб во крошната на чадорот и работи заедно со апликација за iPhone или Android преку која можете да дадете наредба да се најде изгубениот предмет.

Ако е изгубен на растојание од 15 до 30 метри, на пример во куќа или ресторан/кафуле, специјалниот чип емитува мелодија сè додека сопственикот не го продајде и потврди дека чадорот е најден.

XS_Metro-tile-1

Апликацијата ја покажува локацијата на смартфонот на сопственикот или пак на друг корисник на Tile.

Компактната верзија од чадорот може да се нарача на веб страната на Blunt по цена од 93 долари, додека поголемиот класичен модел со детали во три бои црна, црвена и сина чини 99 долари.