Паметен накит од регионот најдобар според Business Insider

28

Американската интернет страница Business Insider, специјализирана за финансиски и бизнис вести, го тестираше паметниот накит и како најдобар го прогласи Leaf Urban на Bellabeat.

Нивните експерти утврдиле дека Urban Leaf е најдоброто парче накит за поголемиот број жени во светот. Тоа, според Business Insider, е совршен спој на технологија и модерен дизајн на накит.

Накитот во облик на лист го претвора fitness tracker-от во уметничко дело. Може да се носи како нараквица, ланче или брош, не му пречи на корисникот со дополнителен екран, батеријата му трае до шест месеци и ја следи секоја активност на корисникот, неговото ниво на стрес, хидририање, медитација, спиење… Безжично се поврзува со мобилна апликација, а користејќи алгоритам, Bellabeat може да ја предвиде и отпорноста на стрес на корисникот во било кој период од денот, пренесува Вечерњи лист.

Bellabeat e хрватско – словенечки старт – ап, којшто развива паметен накит, основан во 2014 година. Компанијата, којашто оперативно функционира од Загреб, има правно седиште во САД. Зад Bellabeat, освен  =Уршка Сршен, стои хрватскиот математичар Сандро Мур. Нивниот прв производ е паметниот приврзок Leaf, во облик на нараквица и синџирче.

Фото: Freepik