Паметен звучник го следи дишењето на бебето со помош на бел шум

192

Научници од САД тестираа иновативен систем со којшто може преку бел шум од паметен звучник да се следи дишењето и движењето на бебињата додека спијат.

Досега прототипот може да детектира стапка на дишење со точност што одговара на стандардните уреди за следење на виталните знаци.

Според тимот доколку овој безжичен начин на следење се усоврши, тогаш паметните звучници можат да бидат уреди што ќе детектираат секаков звук, плач и движење.

Звучниот е наречен BreathJunior, а во себе има вградено голем број на микрофони преку коишто може да се следи рефлектираниот бел шум надвор од телото на бебето.

Истражувачите моментелно работат на развивање на паметен звучник за комерцијални цели заедно со стартапот Sound Life Sciences.

Фото: University of Washington