Паметна куќа што ќе го следи здравјето на станарите

24

smart-house-graphic-800

Фото: The University of Kansas

Професорот Џои Колистра од Универзитетот во Канзас и неговите студенти развиваат проект на куќа опремена со низа сензори наменети за собирање на биометриски податоци на станарите за следење на нивното здравје.

Централниот систем ќе ги собира овие податоци со помош на алгоритми. Со помош на сензорите во куќата ќе се следи движењето на станарите, ќе се мери нивниот престој надвор од куќата, колку пати користеле тоалет и траење на сонот.

За повозрасните лица, сензорите на подот ќе алармираат ако падне, пелтечењето на станарот би предупредило за потенцијална Алцхајмерова болест. Во куќата, исто така, ќе се постават и паметни огледала коишто ќе идентификуваат знаци на мозочен удар, пишува Digital Trends.

Резултатите од проектот треба да бидат претставени во јуни оваа година.