Паметни прозорци што го топлат и ладат внатрешниот простор и штедат енергија

69

fensterschatten_kaФото: University of Jena

Германски тим од инженери креираше паметни прозорци коишто ги блокираат сончевите зраци на различни нивоа и генерираат сончева енергија, пишува New Atlas.

Large-Area Fluidic Windows или LaWin се флуидни прозорци за чија изработка се користат магнетски нано честички од железо, потопени во течност којашто се наоѓа во вертикални канали сместени во самото стакло.

Овие честички ја блокираат светлината во различни степени и “впиваат“ топлина колку што е потребно. Доколку корисникот сака прозорецот да биде транспарентен се вклучуваат магнети коишто ги тргаат честичките од течноста. Во зависност од бројот на честичките во течноста, истата добива различни нијанси на сиво, а може да стане и целосно црна.

Според тимот, нема потреба од поврзување на прозорците со електрична енергија затоа што активирањето на честичките се случува во посебен резервоар.

Крајната цел на овој проект е да се намали потрошувачката на електрична енергија, односно да се обезбеди одржлив систем на ладење и греење во станбените и деловните објекти. Дизајнот веќе има добиено инвестиции од неколку милиони евра, а комерцијална употреба се очекува да биде овозможена кон крајот на годинава.