Паметни соларни канти за отпадоци опремени со Wi Fi

34

pametni-i-solarni-kanti

Паметни соларни канти за отпадоци, опремени со Wi Fi, се поставени на една од најфреквентни пешачки улици во Сингапур, пишува Strait Times.

Кантите, под името Bigbelly, имаат сензори што го следат нивото на отпадоци и доколку е време за нивно чистење, испраќаат СМС порака или мејл до хигиеничарите задолжени за тоа. Исто така, во кантите е вграден таканаречен “компактор“ којшто го компримира ѓубрето, со што за осум пати се зголемува нивниот капацитет во споредба со стандардните.

Освен што се паметни, Bigbelly кантите се и енергетски ефикасни. Имаат вграден соларен панел што ја апсорбира и складира сончевата енергија.

Сите случајни минувачи или туристи, преку оваа канта, ќе можат бесплатно да се приклучат на интернет. Покриеноста е во радиус од 30 метри, а едно вклучување на интернет трае 15 минути. Потоа, неопходно е повторно логирање на Facebook или Weibo налог. Бесплатниот интернет е достапен од 11 до 21 часот секој ден.

Реклами од продавниците што се наоѓаат во близина ќе се појавуваат на екраните на мобилните уреди на корисниците на секои 15 минути.