Panasonic преку вештачка интелигенција ќе ги држи возачите будни

18

panasonic

Фото: Panasonic

Јапонската компанија Panasonic соопшти дека развива технологија со којашто ќе ги одржува возачите будни. Преку оваа технологија ќе се открива и предвидува нивото на поспаност на возачот и ќе му овозможи да остане буден, пишува Engadget.

Компанијата ја користи вештачката интелигенција за да ги остави возачите будни користејќи инфрацрвен сензор, сензор за околината, камера што го следи изразот на лицето и сензор што ја следи температурата. Овие сензори можат да проценат дали возачот е: малку поспан, поспан, многу поспан или сериозно поспан. Камерата користи вештачка интелигенција за да ги следи трепкањата и изразот на лицето на возачот и може да детектира околу 1.800 изрази на лицето и трепкања. Инфрацрвениот сензор покажува колку брзо возачот ја губи топлината.

Системот го прилагодува осветлувањето, протокот на воздух и температурата проценувајќи ја поспаноста на возачот. За разлика од други системи, функционира тивко во позадина, така што возачите дури и не забележуваат дека се мониторирани.