Пандемијата ги исплаши луѓето да не споделуваат превоз

26

Споделувањето на превоз во светот до пред некој месец беше одличен начин за заштеда, зачувување на животната средина и избегнување на сообраќајниот метеж. Но, пандемијата си го направи своето, па луѓето го избегнуваат ваквиот начин на патување исто како и јавниот превоз, покажуваат истражувањата.

Најголем пад на споделување на превоз или познато како car sharing има во Германија (77%), САД (56%) и Кина (51%).

Наместо тоа, луѓето преферираат да се возат во својот автомобил, да одат пешки или со велосипед до посакуваната дестинација.

За да може да се врати довербата во споделување на возењето, аналитичарите сметаат дека треба да се право редовно дезинфицирање и чистење на возилата за да бидат корисниците сигурни дека нема да се заразат додека патуваат.

Фото: Freepik