Пандемијата ги преполови странските директни инвестиции

29

Странските директни инвестиции (СДИ), во првата половина од оваа година, се за 49% пониски во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Обединетите нации.

Како причина за намалениот обем на СДИ е стравот од рецесија поради пандемијата во Европа.

Вкупната вредност на странските директни инвестиции од јануари до јуни паднаа на 399 милијарди долари. СДИ во САД се намалени за 61% на 51милијарда долари.

Големите корпорации ги одложуваат инвестиции за да ја сочуваат потребната готовина.

Фото: Freepik