Франција во текот на минатата година извезе производи во вредност од 476 милијарди долари, што претставува пад од 14,2% во однос на 2019 година.
Според податоците, 68,2% од извозот на Франција беше насочен кон: Германија (14,5%), САД (7,8%), Италија (7,7%), Шпанија (7,4%), Белгија (7,4%), Велика Британија (6,5%), Кина (4,2%), Холандија (3,8%)…
Франција има популација од 65 милиони жители, па извозот по глава жители во 2020 година беше 7.300 долари.
Од извоз на машини и компјутери, Франција лани инкасираше 54,5 милијарди долари, што е 11,5% од вкупниот извоз. Потоа следат: возила (44,3 милијарди долари), електрична опрема (38,8 милијарди долари), фармацевтски производи (37,9 милијарди долари), авиони (29,2 милијарди долари)…
Франција е препознатлива по производство на парфеми и козметика коишто минатата година ѝ донесоа приход од 17,9 милијарди долари.
Од препарати за убавина и нега, Франција во 2020 година заработи 8,9 милијарди долари или 9,9% помалку одошто во 2019 година. Франција на странски пазари лани продаде парфеми во вредност од 4,1 милијарда долари или 22,3% помалку од извозот во 2019 година.
Земјата важи и за голем извозник на вино во светот, чија вредност лани достигна 10 милијарди долари или 8,6% помалку во споредба со 2019 година.
Фото: Pexels











