Пандемијата го одложи и карневалот во Рио де Жанеиро

40

Школите за самба во Рио де Жанеиро одлучиле да го одложат познатиот карневал, којшто требаше да се одржи во февруари следната година. Како причина за одложување се наведува пандемијата, пренесува Ројтерс.

“Многу е тешко да се одржува карневал без вакцина. Нема шанса карневалот да се одржува во небезбедни услови“, смета Жорга Кастањера, претседател на школата за салса, Liesa.

Тој додава дека карневалот би можел да биде одложен најдоцна до јануари 2022 година.

Инаку, 13 бразилски школи за самба парадираат во текот на карневалот пред околу 90.000 жители на Рио, но и бројни туристи од целиот свет. Датумот на одржување на карневалот се менува секоја година во зависност од римокатоличкиот период на пости.

Фото: Pixabay