Пандемијата го преполови бројот на патници во авиосообраќајот

25

Со цел да се спречи ширење на вирусот Ковид-19 многу земји ширум светот презедоа различни рестриктивни мерки. Податоците за првите месеци од оваа година веќе покажуваат значително намалување на бројот на патници во авиосообраќајот во Европа.

Иако бројот на патници во авиосообраќајот во некои од земјите членки Европската унија почна да се намалува уште во февруари, бројот е преполовен во март оваа година. Па така, во споредба со март 2019 година, Италија има најголем пад на бројот на патници – 85% или 11,9 милиони патници. Потоа, според податоците на Eurostat, следуваат: Германија -62%), Данска (-63%), Финска (-57%), Чешка (-65%) и Унгарија (-58%).

За Македонија, податоците говорат, дека во февруари вкупниот број на патници што користеле авиотранспорт е 147.533, а еден месец подоцна 71.617 или 48,5% помалку. Во однос на март оваа и истиот период лани, бројот на патници е намален за 56%.

Фото: Freepik