Првите луѓе на најголемите американски банки имаат зголемени плати во текот на пандемијата, јавува Bloomberg.
Меѓу банките со актива поголема од милијарда долари, две третини од извршните директори оваа година имаат повисоки плати. Просечниот раст на платите на банкарите е 26%.
Извршните директори на најголемите банки коишто имаат активна поголема од 50 милијарди долари имаат најмал раст на платите од само 5,8%.
Двајца главни банкари дури известуваат за намалување на нивните плати.
Првиот човек на Capital One Financial Corp. Ричард Фербенк добил покачување за 161% на 20,1 милион долари, што е најголем скок на платите меѓу најголемите американски банки. Во исто време, платата на Џереми Дајмон од JPMorgan Chase се зголеми за само 0,2%, но и понатаму е најплатен извршен директор со годишна плата од 32 милиони долари.
Фото: Pexels