Пандемијата му го зголеми профитот на Philips за 32%

26

Холандски Philips забележа зголемена добивка во третиот квартал од оваа година за 32%, поттикната од зголемената побарувачка за болничка опрема поради пандемијата.

Philips соопшти дека добивката пред оданочување за ова тримесечје достигна 769 милиони евра, додека продажбата е зголемена за 10% на 4,98 милијарди евра.

Растот пред сè е поради зголемената продажба на медицинска опрема и тоа за 42%, во што се вклучени уреди за надзор и заштита на системот за дишење што им се неопходни на пациенти заразени со Ковид-19.

Фото: Twitter