Пандемијата му ја зголеми продажбата на Durex

689

Откако во Велика Британија заврши карантинот поради пандемијата од Ковид-19, компанијата за производство на кондоми, Durex забележа пораст на продажбата.

Во текот на летните месеци, како што пренесува Гардијан, продажбата е зголемена за 10%. Компанијата Reckitt Benckiser, во чија сопственост е Durex, во првите месеци од пандемијата информираше дека е забележан голем пад на продажбата на кондоми, бидејќи карантинот го зела “данокот“ во интимниот живот на луѓето.

Освен овие производи, Reckitt Benckiser бележи и зголемени приходи од производи за лична хигиена и за чистење.

Фото: Facebook