Пандемијата не ја запре изградбата на станови во БиХ

28

Во Босна и Херцеговина, во првите шест месеци од оваа година, се изградени 1.245 станови, што е за 6,1% повеќе во споредба со истиот период лани, пишува Независне новине.

Изградбата на станови, како што се наведува, дури и во услови на пандемија го продолжува трендот на раст од претходните години.

“Градежните компании од БиХ и покрај пандемијата имале и повеќе работа во странство, а вредноста на работите на градежните фирми од БиХ во странство, во првите шест месеци, се за 7,8% повисоки во однос на истиот период лани“, соопштуваат од Агенцијата за статистика на БиХ.

Според податоците, во БиХ во вториот квартал од оваа година, во ек на пандемијата, се продадени 644 нови станови, што е за 1,7% повеќе во однос на истиот период лани. Просечната цена е за 2,4% повисока во однос на лани.

Фото: Pexels