Пандемијата ништо не им може на дознаките од странство на Косово

72

Албанците од Косово и Метохија кои работат во странство во првите шест месеци од оваа година кај своите семејства испратиле 433 милиони евра на име дознаки, што е за 28 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани, пренесува РТС.

Според податоците на косовската централна банка, во мај оваа година, износот на пари што вработените во странство од Косово бил 100,7 милиони евра, додека во истиот период лани биле 78,4 милиони евра.

Најмногу пари се испратени преку агенција за пренос на пари и комерцијални банки што работат на Косово.

Покрај дознаките, испратени на семејствата, вработените во странство испратиле и над 716.000 евра на наменска сметка, како финансиска поддршка за борба против коронавирусот.

Фото: Freepik