Пандемијата “стави“ клуч на врата на многу хотели во Шпанија

94

Бројот на хотели во Шпанија што се ставени на продажба е за една петтина поголем одошто во март оваа година, на почетокот на пандемијата. Поголемиот дел од хотелите се сместени во познати туристички дестинации.

На Балеарските острови во октомври се продале 84% повеќе хотели одошто во март, а во Андалузија 45% повеќе. Вкупно на крајот на октомври се огласени 557 хотели, од коишто една петтина е во Каталонија. Скоро третина од хотелите во Шпанија беа затворени во октомври.

Хотелските резервации беа за 83% пониски одошто во истиот период лани. Шпанската економија во голема мера зависи од туризмот, којшто беше тешко погоден од пандемијата.

Фото: Freepik