Пандемијата тешкo ја погоди маркетинг индустријата во Германија

23

Маркетинг индустријата во Германија минатата година беше тешко погодена од пандемијата. Инвестициите во рекламирање во 2020 година се намалија за 3,4% на 33,7 милијарди евра.

Нето приходите од рекламирање се намалија за 5%, укажуваат податоците на Централното здружение на германската маркетинг индустрија.

Силниот раст кај онлајн рекламирањето делумно ги компензираше загубите од рекламирањето во други форми.

Уделот на маркетинг индустријата во бруто домашниот производ минатата година се намали од 1,4 на 1,3%.

За оваа година се очекува закрепнување на маркетинг индустријата оваа есен, но тоа ќе се случи само ако продолжи да закрепнува економијата.

Враќањето на нивото во рекламниот сектор од пред пандемијата се очекува дури за следната година.

Фото: Pexels