Пандемијата збриша 12 билиони долари од светскиот БДП

47

Разорното дејство на коронавирусот ќе предизвика драматичен пад на светско ниво, којшто за оваа и за следната година се проценува на околу 12 билиони (илјади милијарди) долари, изјави Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

“Тоа е вредност поголема од бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната за една година“, рекла Георгиева на онлајн конференцијата Инфраструктура, инвестиции и централна Европа, пренесува Танјуг.

И покрај тоа што проекциите за глобалната економија се малку пооптимистички во однос на оние од пред неколку месеци, поради подобри резултати на некои економии, како што е Кина, растот и понатаму ќе биде негативен.

За земјите од централна, источна и југоисточна Европа, пандемијата значи бришење на прогресот остварен во последните три години, кога регионот постигна најдобри резултати оваа деценија, во поглед на економски, раст, зајакнување на конкурентноста и унапредување на процесите.

Регионот, според Георгиева, во просек бележел раст од 3% во смисла на реални приходи, што влијаеше на намалување на јазот на овие земји со оние од западна Европа.

Фото: Pexels