PANTHEON Farm Accounting – за секој тип фарма

93

farma

Фото: Pexels

Од минатата година компанијата Даталаб МК започна со понуда на решението Pantheon Farm Accounting на македонскиот пазар. Pantheon FA e наменет за земјоделски стопанства од секоја големина, за водење и евиденција на сите податоци и целокупниот тек на активности и процеси на нивната фарма.

Pantheon FA е наменет за сите типови на земјоделски стопанства кои се занимаваат со полјоделство, градинарство, сточарство, овоштарство и лозарство, додека во изработка се модули и за живинарство, пчеларство и одгледување коњи. Покрај стандардните функционалности поврзани со сопственоста на фармата, вработените и секако советодавните и ветеринарните служби, решението нуди и специфични функции зависно дејноста и начинот на работа на фармата.

За СТОЧАРСКИТЕ ФАРМИ, Pantheon FA нуди детална евиденција на неколку значајни елементи: одгледувалишта, животни, работна сила и производство на млеко. Решението овозможува креирање на картичка за секое животно со свои специфики во поглед на основните податоци, мерењата, движењата, ветеринарните настани, репродуктивниот циклус и производството на млеко, додека за понапредните фарми и можност за линеарна оцена и анализа на расните карактеристики на животните на фармата. Дополнително, Pantheon FA овозможува евиденција и увид во дневник на молзење каде зависно потребите секоја фарма може да евидентира детална евиденција на работниот труд на работниците интегрирано со податоци за трошоците и залихите кои се поврзани со овие задачи, и секако анализа на карактеристиките на добиеното млеко во поглед на значајните особини како содржина на белковини, масти и сл.

За ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ФАРМИ, Pantheon FA пред сѐ нуди детален опис и планирање на производните циклуси на културите кои се одгледуваат на фармата. Ова овозможува професионално планирање на очекуваните активности и приходи од фармата. Дополнителна предност за овој тип на фарми е тоа што решението нуди и можност за евиденција на сите активности поврзани со целосниот производствен циклус во поглед на Агро-еколошките евиденции и Добрата Земјоделска Пракса како сеидба, ѓубрење, заштита и нега и лекување на растенијата, и многу повеќе, интегрирано податочно и хронолошки со парцелите и нивите на кои се изведувани задачите. Кај овој тип на фарми исто така е овозможено дефинирање на годишен план на ѓубрење за сопствени потреби, како и за извештаите кои се доставуваат до државните институции. Решението е особено погодно за ЗЕМЈОДЕЛСКИ ЗАДРУГИ каде сите членови може да пристапат до податоци од интерес преку Интернет во било кое време и да имаат постојан увид во состојбата и успешноста на фармата.

Решението Pantheon FA е надополнето со мобилна апликација за олеснување на внесувањето на податоци за земјоделците и работниците на фармата. Со едноставен клик преку својот смартфон и преку специјално дизајнирани форми погодни за ваквиот тип на работа, фармерот може да има увид и да ги евидентира сите настани на фармата, како и завршената работа во шталата и на полето на самото место. Мобилната апликација е интегрирана со Pantheon FA на сервер и податоците се зачувани директно таму, не на мобилниот телефон, освен во случај на прекин во конекцијата кога податоците привремено се зачувуваат на мобилниот уред за подоцнежна синхронизација. Со помош на мобилната апликација за Pantheon FA нема повеќе хартија и дупли внесови на податоци.

Покрај овие специфики, Pantheon FA на македонските фарми им нуди целосна интеграција на овие процеси со модулите за набавки, продажба, залиха и финансии, па на крај сопственикот и менаџментот добиваат автоматски генерирани извештаи и аналитики за моменталната состојба на нивната фарма, што води до навремено реагирање на постоечки проблеми и носење на важни одлуки за успешноста на фармата. Како дел од Pantheon фамилијата на решенија, Pantheon FA е целосно интегриран со останатите решенија на Даталаб МК и овозможува комплетно интегрирано работење, особено за поголемите фарми кои имаат и сопствено сметководство, или се занимаваат и со понатамошно производство и обработка на производите кои ги добиваат од фармата.

Едногодишната соработка помеѓу Даталаб МК и Македонски Телеком за понуда на е-деловно работење преку најдобрата cloud платформа во Македонија, овозможува целосна поддршка и флексибилност во работењето на фармерите и земјоделските стопанства, како и пристап до агро податоците зависно нивните потреби без никаква иницијална инвестиција.

panteon farm

Повеќе информации за PANTHEON FA може да се најдат на телефонскиот број 02 3079 231 или www.datalab.com.mk.