Papelyco – чинија што се трансформира во растение

37

papelyco-kickstarter

Фото: Kickstarter

Papelyco претставуваат чинии, направени од лушпа од пченка и семиња, коишто по нивната употреба може да се насадат во земја и од нив да никне растение.

Откако корисникот ќе ја искористи чинијата за нејзината основна намена, треба да ја отстрани биоразградливата фолија и да ја засади чинијата во земја. Неопходно е во процесот на ‘ртење да се полева со вода, а се препорачува во текот на првите 10 дена чинијата да биде постојано влажна.

На крајот, чинијата се распаѓа, а корисникот може да ужива во прекрасно цвеќе или зеленчук.

Papelyco е иновација на стартапот Lifepack, којшто својот проект го претстави на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter со цел е да соберат 15.000 долари.