Папуа Нова Гвинеја е првата земја во светот која има министер за кафе

78

Папуа Нова Гвинеја, каде што беше објавен составот на новата влада, доби министри за кафе и палмино масло, пишува во средата весникот Гардијан.

Позицијата министер за кафе е веројатно прва од ваков вид во светот и покажува колку Владата е посветена на проширувањето на клучните земјоделски индустрии, рече премиерот Џејмс Марапе. За првпат во земјата е назначен и министер за палмино масло.

Покрај тие две министерства, Папуа Нова Гвинеја има и традиционално Министерство за земјоделство.

„Тие две именувања значајно го истакнуваат земјоделството, за да можеме да видиме раст на земјоделството во земјава“, рече тој при објавувањето на составот на новата 33-члена влада.

Кафето од Папуа Нова Гвинеја се појави во последниве години како пожелен увозен производ, со кафулиња низ Австралија, САД и Јапонија.

Кафето е втор по големина земјоделски производ во земјата по палминото масло.