Париски клуб на Судан му отпиша долг од 14 милијарди долари

23

Кредитори од Парискиот клуб се согласија на отпис на долг од 14 милијарди долари на Судан и на реструктуирање на остатокот од долгот од над 23 милијарди долари, изјави претседателот на Парискиот клуб, Емануел Мулан.

Тој ги повикал и останатите приватни и јавни доверители да ја растеретат земјата од долгови под исти услови, пренесува Ројтерс.

Судан стекна право на ваков вид на помош откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одлучи минатиот месец земјата да ја категоризира во високо задолжени сиромашни држави, што се заснова на посветеност на макроекономските реформи.

Според договорот, Парискиот клуб отпишува 14,1 милијарда долари, а ќе бидат репрограмирани 9,4 милијарди долари, со грејс период што е доволно долг за да може Судан да апстинира од плаќање на долгот пред 2024-та година.

“Оваа значајна акција ја демонстрира поддршката на меѓународната заедница кон демократска транзиција на Судан и да му помогне на Судан повторно да се поврзе со меѓународните институции, да ги реализира своите реформски политики и да се бори против сиромаштијата“, рекол Мулан.

Износот од 23,5 милијарди долари преостанат долг на Судан кон Парискиот клу, којшто во поголемиот дел се состои од неизвршени достасани обврски и затезни камати по неизмирени долгови е голем дел од вкупниот долг на Судан во вредност од 56 милијарди долари кон странски доверители.

“Ќе бараме слични или подобри решенија со земјите доверители надвор од Парискиот клуб. Ова е успешен почеток“, рекол Гебреил Ибрахим, судански министер за финансии.

Фото: Pixabay