Што е Париски, а што Лондонски клуб?

324

stikeri-pexels

Фото: Pexels

Париски и Лондонски клуб претставуваат неформални организации, односно групи на кредитори коишто склучуваат аранжмани со субјекти коишто имаат потешкотии со отплата на надворешниот долг.

Париски клуб

Парискиот клуб (Club de Paris) е неформална група на финансиски претставници од 19 земји во светот, коишто нудат финансиски услуги, како што се: реструктуирање на долгови, олеснување и отпис на долгови на задолжени земји и нивните кредитори. Членови на овој клуб, што датира од 1956 година, се: Австралија, Австрија, Белгија, Канада, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Русија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија и САД. Парискиот клуб се раководи според неколку важни принципи и тоа: консензус (сите одлуки се носат со општа согласност на сите кредитори); секоја земја е случај за себе (Парискиот клуб смета дека во реалноста на постојат два исти случаи); солидарност; условеност и слично.

Лондонски клуб

Лондонски клуб (London Club) е формиран по иницијатива на Парискиот клуб во 1976 година. И оваа неформална организација се занимава со оние субјекти коишто не се во можност да отплаќаат меѓународни кредити, со таа разлика што тие субјекти не се државите, туку само комерцијални кредити. Во овој клуб учесници се банки кредитори што се околу 15 на број. За разлика од Парискиот клуб, каде што одлуките се носат со консензус, Лондонскиот клуб одлуките ги донесува со квалификувано мнозинство од 90% од сите кредитори. Најчесто место каде што може да се состанат членовите на Лондонскиот клуб се Њујорк или Франкфурт, а многу ретко Лондон.