Париз 2050 година: Паметен, енергетски ефикасен и футуристички град

125

smart paris

Белгиската компанија Vincent callebaut architectures го претстави проектот Париз 2050 – паметен град, чија цел е решавање на урбанистичките и еколошките проблеми на француската престолнина, а проектирано е до 2050 година да се намали емисијата на штетни гасови за дури 75%

paris 2050 1

Во проектот се сместени мултифункционални кули, коишто се распоредени на стратешки позиции и на градот му даваат можност за оддржлив развој. Овие згради се комплетно “зелени“, бидејќи имаат пасивно греење и ладење, систем за рециклирање, прочистување на воздухот и собирање на дождовницата.

paris 2050 2

Овој проект се базира и на иновативни техники на градење, па така фасадата на кулите Mangrove ќе биде составена од ќелии коишто формираат фоточувствителна електрохемиска обвивка, којашто може да апсорбира доволно сончева топлина за производство на електрична енергија, доволна за потребите на станарите.

paris 2050 3

Од друга страна, ќе има и кули што ќе бидат прекриени со биолошки материјали, коишто ќе генерираат сопствено биогориво. Хибридниот систем на турбините – Phytolight е нова технологија што ќе помогне да се обезбеди осветлување и енергија за нивна работа.

paris 2050 f

Објектите ќе може да се користат како станбени и деловни простории, со нивната изградба ќе се намали сообраќајниот метеж, а со тоа и емисијата на штетни гасови.