Париз: Одгледуваат печурки во подземни гаражи

157

Подземните гаражи во Париз, коишто поради намалениот број на автомобили на улиците во француската престолнина, останаа празни, двајца претприемачи ги претвориле во органски фарми.

Жан Ноел Герц и Теш Шампањ две години успешно водат органска фарма во париските подземни гаражи, од коишто секојдневно испорачуваат по 200 килограми производи во локалните продавници, пренесува Euractiv.

Во подземната гаража, што се простира на површина од 3.500 метри квадратни, тие двајца одгледуваат печурки и билки.

Во овој момент вработуваат околу 15 лица, а во својот возен парк имаат 20 велосипеди за транспорт на намирниците.

Фото: Pexels