Париз забранува движење на постари автомобили низ центарот на градот

60

pariz

Фото: Pexels

Сите автомобили регистрирани пред 1997 година нема да може да сообраќаат низ Париз од први јули, пишува The Verge.

На овие автомобили ќе им биде забрането да се движат низ центарот на градот во текот на работните денови, а забраната ќе важи и за мотоциклите регистрирани пред 1999 година.

Од 2020 година, законот ќе биде уште построг така што во текот на работните денови низ градот ќе биде дозволен влез само на автомобили што регистрирани по 2010 година.

Оние што ќе ги прекршат законските правила, ќе се соочат со казна од 35 евра. Од први јануари следната година, казната ќе изнесува 78 евра.

Француската престолнина и претходно воведе мерки за намалување на загадувањето на воздухот.