Parkland Hospitality Group одбележа четири години од своето постоење

36

Вчеравечер во ресторанот Four, во присуство на многубројни гости, пријатели и соработници, Паркленд ја одбележи четвртата година од своето постоење.

На големо задоволство на присутните, со свој соло перформанс во живо настапи светски познатиот виртуоз Влатко Стефановски, продолжувајќи во текот на вечерта со музика во живо со Леана Таќи и пијано и саксофон дуото Никола и Гордан.

Четири неверојатни години Парк Хотел и Спа, една година од отворањето на Next door park хотел, заедно со рестораните Four, Brick eat, Fitness & Spa Park центарот и Кетеринг услугите, под капата на Parkland Hospitality Group, како едно семејство. Семејство кое од година во година созрева и станува сè поголемо, благодарение на тимската работа, визија којашто ја дели целиот тим и успешното чекорење низ сите искушенија и предизвици.

На присутните вечерта им се обрати Генералниот менаџер на Паркленд, Панајотис Колокатис, кој заблагодарувајќи им се на присутните напомена:

“Паркленд семејството никогаш не престана да чекори напред. Сите поминуваме низ сосема различни околности и нова нормалност периодов, и приватно и професионално, но сè додека го користиме овој и секој нареден предизвик како нова можност за напредок и созревање, успехот е неминовен. Кога велам успех мислам на сите наши вработени, нивната пасија и посветеност и во добри и во тешки мигови, на сите наши клиенти, гости и партнери кои беа со нас и ни ја доверија лојалноста. Голема благодарност за сите. Одиме понатаму”.

Паркленд Хоспиталити Груп во изминатиов период интензивно работеше на имплементирање на сите безбедносни протоколи според светски стандарди, со цел на своите клиенти да им овозможи како и досега, максимална сигурност, безбедност и поддршка за сите нивни потреби.

Сите аутлети работат непречено како и досега, со многу новитети во работењето,  пред сè зајакнати механизми и платформи за подобра контрола на работењето, согласно пропишаните стандарди.

Паркленд и во иднина останува синоним за пионерство во хотелиерството и угостителството, одејќи во чекор со потребите и побарувачката на гостите.