Парното може да грее по 21 часот, ако тоа не влијае на цената

20

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одби барањето на Балкан енерџи груп (БЕГ) за продолжување на парно греењето за дополнителни два часа, односно до 23 часот навечер, бидејќи поради тоа граѓаните ќе добиваат повисоки сметки за парно за 9%.
Регулаторите истакнаа дека БЕГ, доколку има вишок на топлинска енергија, може да ја испорачува до граѓаните во текот на ноќта, но за тоа не смее да наплаќа надомест.
По одбивањето на барањето, останува БЕГ да одлучи дали ќе испорачува топлинска енергија до 21 часот или и по 21 часот.
БЕГ минатата година во делови на Скопје го реализираше пилот-проектот за продолжено времетраење на парно греењето, при што соопштија дека реакциите на потрошувачите се позитивни.
Минатиот месец БЕГ достави барање до РКЕ за измена на Правилникот за испорака на топлинска енергија, односно продолжување на времетраењето за дополнителни два часа.