Парното од денес поевтино

34

4037_eng_ESCALA_425_282Од денес парното ќе поевтини, и тоа 14,24% за оние граѓани во Скопје што се греат преку Балкан енерџи груп и за 13,45% за оние што со греење се снабдуваат од топланата Скопје север.

Регулаторната комисија за енергетика одлуката за намалување на цената ја донесе на последната седница, а се должи на пониската цената на природниот гас кој учествува со 70% во производството на топлинска енергија, а останатите 30% отпаѓаат на мазут.

Според новиот правилник Регулаторот цената на топлинската енергија може да ја менува на месечно ниво во интервал од плус-минус 5%. Досега тоа се правеше двапати годишно, во декември и во јуни.