Домаќинствата приклучени на најголемиот скопски снабдувач со топлинска енергија Балкан енерџи груп – БЕГ од денес ќе плаќаат за 2,82% пониска цена за парно греење, а корисниците на Скопје-Север за 2,12%.
Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница ги потврди своите пресметки за процентот за намалување на цената на топлинската енергија за овие два снабдувачи утврдени на подготвителната седница.
Што се однесува за третата енергетска компанија ЕЛЕМ Енергетика првично предложеното намалување од 0,71% го Комисијата го спушти на 0,54%.
Корисници кои се исклучени од системот на БЕГ од денес ќе плаќаат повисок фиксен надоместок, поради зголемента цена на ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место за една година од 893 на 1.037 денари за киловат.
Повисок фиксен надоместок има и за исклучените од Скопје-Север кои од денес ќе плаќаат 1.055 денари за киловат ангажирана моќност, додека корекција на цената нема кај ЕЛЕМ Енергетика.