Партнерството меѓу Emirates и flydubai ги најавува првите заеднички рути

21

ek_fz_route-map

По започнување на нивното партнерство, Emirates и flydubai објавија дека Emirates ќе ја прошири својата мрежа на 29 дестинации на три континенти на кои леташе flydubai, стои во соопштението.

Новата партнерска мрежа, преку своите заеднички (код-шер) летови, ќе понуди поголема фреквенција и полесен пристап до повеќе глобални дестинации, со предност на поврзување на багажот до крајната дестинација. Патниците можат да резервираат веќе од трети октомври на Emirates.com, преку контакт центрите на Emirates или преку мрежата од туристички агенции за патувања почнувајќи од 29 октомври 2017 година.

Н.Е. Шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум, претседател и главен извршен директор на Emirates Group и претседател на flydubai, рече: “Ова е возбудлив прв чекор во отклучување на придобивките од партнерството за патниците кои ќе имаат можност да уживаат во уникатните предности што секоја авиокомпанија ги нуди, како и поголем избор и флексибилност при поврзување преку Дубаи. Ова е само почеток и како што ќе ја прошируваме партнерската мрежа во наредните месеци, ќе отвориме повеќе можности за нашите патници да го истражуваат светот”.

Во текот на патувањето Emirates и flydubai на патниците ќе им овозможат искуства со производи што ќе ги одразуваат уникатните карактеристики на брендот. Кога ќе се резервира заедно, како дел од код-шер, патниците на Emirates ќе добијат бесплатни оброци и багаж чекиран во Emirates за летови што ќе ги врши flydubai во бизнис и економската класа.

Поврзувањето во воздухопловниот центар на Дубаи нуди лесно трансфер искуство, а од новото партнерство, патниците ќе имаат корист од намалено минимално време за поврзување (MCT) помеѓу седиштето на Еmirates на терминал 3 и flydubai на терминал 2 до 120 минути. Денешното соопштение е почетна фаза од  еден опсежен договор којшто во следните фази ќе го покаже создавањето на дополнителни врски меѓу градовите, како што договорот за код-шер се проширува и мрежите на двете авиокомпании се оптимизирани.

Во оваа прва фаза на партнерството, членовите на Emirates Skywards може да заработат Skywards miles и Skywards Tier Miles на код-шер летовите, според постоечката програма за километража.

Покрај бесплатното чекирање на багажот на Emirates, членовите на Skywards Premium, исто така, можат да уживаат и во носење дополнителните багаж од 20 килограми (членови на Платинум членови), 16 килограми (Златни членови) и 12 килограми (Сребрени членови) на код-шер летови со кои управува flydubai.

Членовите на Skywards Silver, Gold и Platinum, кои патуваат на код-шер летови, можат да пристапат до шалтерите на flydubai и да добијат приоритетни ознаки.

Понатамошни придобивки и програми за лојалност за оние членови кои често летаат со овие две авиокомпании ќе бидат објавени во догледно време.