Патниот правец Ресен – Охрид преку Галичица не е прооден за сообраќај

31

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, пo суви и чисти коловози.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот.Со цел да се обезбедат предуслови за безбедна и сигурна инсталација на системот за заштита при паѓање на карпи, секој ден од 22 до 26.04.2013 година, во влезот на постоечкиот тунел во Демир Капија Клисура, целосно ќе се запира сообраќајот во временски интервали од по 1 час од 9.30-10.30, 11.30-12.30,13.30-14.30 и 15.30-16.30 часот.

На патниот правец Велес-Кадрифаково се вршат геодетски мерења. Поради присутност на изведувачи на патот потребно е повнимателно управување со возилата.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с. Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

На патниот правец Делчево-Пехчево на 12-ти км. поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента и тоа во должина од 250 метри. Сообраќајот се регулира со поставена соодветна патна сигнализација.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила.

Патниот правец Ресен – Охрид преку Галичица не е прооден за сообраќај, сообраќајот се одвива до месноста Корита, но само од охридската страна.