Pause Pod, шатор за релаксација

19

1

Фото: Kickstarter

Pause Pod е шатор за едно лице дизајниран од шведски претприемачи којшто нуди засолниште од надворешниот свет кога сакате да се релаксирате и одморите. Идејата на дизајнерите е да му понудат на корисникот свое приватно мирно катче коешто ќе може да го постават на било кое место. Шаторот е изработен од висококвалитетен материјал што не пропушта надворешна светлина и може да се монтира и собере за неколку секунди.

Pause Pod има три отвори за вентилација за ефективен проток на воздух, додаток за испружување на нозете и мал отвор за поврзување на лаптоп, мобилен и други уреди со струја.

Шаторот доаѓа со LED светло и компактна торба за носење. Дополнително може да се нарача маска за очи, платно на кое има поставено сијалички кои изгледаат како ѕвезди и нуди ефект на ноќно небо и таблет.
Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде треба да собере 54.000 долари.