Пазарот на криптовалути забележа благ пад

102

Пазарот на криптовалути изгуби 1,5 отсто од својата вредност во изминатите 24 часа, според веб-страницата Coingecko, а неговата капитализација се лизна на 2,07 трилиони долари.

Во однос на вчерашниот ден, Биткоинот ја задржа цената со благ пораст од 0,5 отсто, што значи дека моментално се тргува по цена од 41.855 долари.

Етереумот падна за 1,5 отсто и моментално се тргува по цена од околу 3.123 долари на крипто-пазарот.