PBZ CO го зголеми сопственичкиот удел во Podravka

60

Фото: Facebook

PBZ Croatia osiguranje купи нови 5.100 акции од хрватскиот прехранбен бренд Podravka. За таа цел потроши нешто повеќе од 216.000 евра и ја зголеми својата сопственичка структура на 948.231 акција, односно 13,32% удел, пишува порталот SeeBiz.

И досега хрватскиот пензиски фонд, PBZ Croatia osiguranje, беше најголем поединечен сопственик во Podravka, а со овој потег само го зацврсти водечкото место.

Одлуката за купување акции е резултат на одличните деловни резултати кои Podravka ги манифестираше во првиот квартал од годината.

Имено, хрватскиот прехранбен гигант во првите три месеци од 2018 година оствари нето профит од 9,5 милиони евра, што е значаен раст во однос на истиот период лани, кога оствари 2,5 милиони евра.

Порастот на продажбата на профитабилниот асортиман во комбинација со контрола на оперативните трошоци, резултираше со двоцифрен раст на профитабилноста на сите нивоа на компанијата. Станува збор за највисок оперативен резултат и највисока оперативна добивка остварена некогаш во првото тромесечје.