Пекабеско деветте месеци од 2016-та ги заврши со добивка од 107,3 милиони денари

9

pekabesko

Компанијата Пекабеско, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 107.346.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.

Во деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 76.689.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември оваа година изнесуваа 2.946.476.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар отпаѓаат 2.625.415.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата е 321.061.000 денари.

Истиот период лани, вкупните приходи од продажба беа на ниво од 2.493.923.000 денари.

Основна дејност на Пекабеско е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари.