Пекабеско лани оствари добивка по оданочување од над 69 милиони денари

20

pekabesko

Акционерското друштво Пекабеско, Кадино минатата 2014 година оствари добивка по оданочување во висина од 69.148.000 денари, стои во билансот на успех во рамки на ревизорскиот извештај објавен на Македонска берза.

На крајот на 2013 година, Пекабеско прикажа 17.166.000 денари добивка по оданочување.

Вкупните приходи од продажба на компанијата на крајот на минатата година имаат вредност од 3.016.291.000 денари, додека една година претходно 2.511.006.000 денари.

Во извештајот за сеопфатна добивка за 2014 година се наведува дека компанијата оствари добивка по оданочување во вредност од 69.148.000 денари, а на тој износ се дополнуваат и нереализираните добивки од вложувања расположливи за продажба од 2.929.000, така што вкупната сеопфатна добивка за 2014 година изнесува 72.077.000 денари.

Новина поврзана со Пекабеско е тоа што, почнувајќи од 18-ти овој месец акциите на оваа компанија ќе котираат на официјалниот пазар на Македонска берза.