Пекабеско со 107,5 милиони денари ја заврши 2020 година

37

Компанијата Пекабеско во период од јануари до декември лани прикажа вкупна сеопфатна добивка од 107.516.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата беше 110.115.000 денари.

“Пекабеско АД за периодот јануари-декември 2020 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 107,5 милиони денари и истиот е понизок за 2,4% во споредба со претходната година. Главна причина е се намалени продажби во извоз поврзано со пандемијата од Ковид-19, стои во Образложението за остварените финансиски резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, достигнаа 4.561.568.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 3.969.616.000 денари, а остатокот од 591.953.000 денари е од извоз.

“Остварените вкупни приходи од работењето во периодот Јануари-Декември 2020 година изнесуваат 4.638 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 8,1 %. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,4%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 8,4%. Приходите од извоз изнесуваат 592 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 се намалени за 9,7%“, стои во Образложението.

Фото: Facebook