Пекабеско со добивка од 20,7 милиони денари го заврши првото тримесечје од оваа година

43

Фото: Pixabay

Прехранбената компанија Пекабеско, во текот на првите три месеци од оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 20.753.000 денари, покажува консолидираниот тримесечен биланс на успех.

Во првиот квартал од 2018 година, компанијата прикажа добивка од 15.077.000 денари.

На крајот на март оваа година, вкупните приходи од продажба достигнаа 1.026.709.000 денари. Од нив, поголемиот дел од 907.752.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 118.957.000 денари е реализиран на пазари во странство.