Пекабеско со добивка од 46,2 милиони денари во првото полугодие

19

pekabesko-580x290

За компанијата Пекабеско првото полугодие од 2017 година заврши со добивка од 46.225.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа доивка од 54.260.000 денари.

Вкупните приходи од продажба достигнаа 2.044.475.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 1.843.224.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата изнесува 201.251.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари.