Пекабеско со добивка од 54,2 милиони денари во првото полугодие

23

pekabesko

Компанијата Пекабеско од јануари до јуни оваа година оствари добивка од 54.260.000 денари, додека истиот период лани добивката беше на ниво од 36.025.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2016 година имаа вредност од 1.821.239.000 денари. Од тој износ, 1.640.004.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека остатокот од 181.235.000 денари е остварен на пазари во странство.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од 2015 година изнесуваа 1.558.081.000 денари.