Прехранбената компанија Пекабеско АД Кадино оствари вкупна сеопфатна добивка од 77.214.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 69.148.000 денари.
Вкупните приходи од продажба беа на ниво од 3.369.785.000 денари. Од нив на домашниот пазар се реализирани 3.010.902.000 денари, додека на странски пазари се остварени 358.883.000 денари.
“Остварените единечни вкупни приходи во период јануари – декември 2015 година изнесуваат 3.414.000.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 13%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,7% имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги коишто во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 12%“, стои во Образложението за остварените резултати.
Од компанијата велат дека во текот на 2015 година вкупните инвестиции во основни средства изнесуваат 84,3 милиони денари и кумулативно за три години од кога е активиран новиот погон бруто инвестициите во основни средства достигнаа 175,5 милиони денари.