Пекабеско за девет месеци оствари добивка од 73,4 милиони денари

37

pekabesko

За компанијата Пекабеско периодот од први јануари до 30-ти септември оваа година заврши со вкупна сеопфатна добивка од 73.467.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Заклучно со 30-ти септември лани, компанијата прикажа добивка од 107.346.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на деветте месеци од 2017 година, беа на ниво од 3.255.824.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 2.904.714.000 денари, а остатокот од 351.110.000 денари е реализиран на странски пазар.

Основна дејност на Пекабеско е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари.