Пекабеско за шест месеци прокнижи добивка од над 57 милиони денари

54

Компанијата Пекабеско првото полугодие од 201-та година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 57,1 милиони денари, покажува шестмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на компанијата достигна 62,4 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба, од први јануари до 30-ти јуни оваа година, изнесуваа 2.268.592.000 денари. На домашен пазар отпаѓаат 1.995.317.000 денари, а остатокот од 273.275.000 денари е остварен од продажба на странски пазари.

Фото: Pixabay