Пекевски: Сè додека немаме законска регулатива за старт – ап, секоја нова компанија ќе се нарекува старт – ап

819

Во Македонија зборот старт – ап премногу се користи и се употребува, некако ми се чини дека е фенси да кажеш дека си старт – ап компанија. Она што е многу битно што треба јасно да се идентификуваат критериумите за тоа што е старт – ап, тие да бидат критериуми кои правно ке се регулираат и ќе се изработи законска регулатива затоа. Во овој момент дури и државните агенции го злоупотребуваат тој термин и финансираат компании преку ФИТР проекти кои воопшто не се старт – ап. Повиците Стартапувај 1, 2, 3 се само форма за финансирање и отворање на нови компании, а не за реални старт – ап компании, вели Синиша Пекевски – бизнис консултант во интервју за Бизнис Инфо.

Нотира дека регулиран законски ситем би имал многукратен бенефит, од привлекување на таленти, финансирање на иновативни проекти, приходи од странство, економски развој и напредок на Македонија и да не набројувам. Тогаш луѓето не би се занимавале  со небитни работи и вработување во јавна администрација туку на квалитетен живот.

Бизнис Инфо:Живееме во ерата на стартапи и тие се движечка сила на глобалната економија и еден од главните избори на вработување низ целиот свет. Што е всушност старт – ап ?

Постојат многу дефиниции за старт ап, посебно во различни временски периоди и различни автори, но она што е битно дека само мал дел на држави имаат законска регулатива во која точно дефинираат што е старт – ап компанија. Секоја од тие држави има свои критериуми, ама генрално земено тие се поклопуваат со мали разлики. Дури и на ниво на ЕУ нема регилатива за овој сегмент. Затоа, кога нема закон и критериуми, не можеме да зборуваме за старт еко систем и развој на тој еко систем. Во услови кога секоја нова компанија може да се нарече старт -ап компанија, тогаш и ново отворена цвеќарницата може да биде и старт-ап. Целта на законската регулатива е да се создадат критериуми и стандард според кои кои се дефинирале тие критериуми и со тоа би се постигнал економски напредок на државата, и би се развила претприемничката култура. Како пример, би можеле да је земе Шпанија, каде компаниите можат да се нарекуваат стартапи само ако

  • Тие се помлади од 5 години, или 7 во случај на биотехнолошки, енергетски и индустриски компании
  • Имаат иновативен карактер и технолошка основа
  • Не котираат на берза и не делат дивиденди
  • Сопственоста минимум 51% е шпанска
  • 15% од приходот мора да се одвои за R D (истражување и развој)
  • Се наоѓате во пазарна ниша која претходно не постоела

Бизнис Инфо:Во земјава се бележи значителен развој во делот на понуди за поддршка на старт-ап компаниите, но дали има законска регулатива при регистрирањето на компаниите и разграничувањето што е новооснована, а што старт – ап компанија?

Резултатите од моето истражувањето покажаа дека во законската регулатива не постои одредба за регистрација на фирми како новоосновани компании, и разлика што е новооснована компанија, а што страт -ап. Сè додека не се дефинираат јасни критериуми, кои се поставени како во Шпанија, Франција, Латвија и Летонија, не можеме да зборуваме за старт -ап компании и да развиваме стратегии за развој на тој сегмент.

Во Македонија зборот старт – ап премногу се користи и се употребува, некако ми се чини дека е фенси да кажеш дека си старт – ап компанија. Она што е многу битно што треба јасно да се идентификуваат критериумите за тоа што е старт – ап, тие да бидат критериуми кои правно ке се регулираат и ќе се изработи законска регулатива затоа. Во овој момент дури и државните агенции го злоупотребуваат тој термин и финансираат компании преку ФИТР проекти кои воопшто не се старт – ап. Повиците Стартапувај 1, 2, 3 се само форма за финансирање и отворање на нови компании, а не за реални старт – ап компании.

Секој самостојно си одредува што е старт – ап и така функционира, и ако погледете на настани сè уште се зборува за Римац автомобили како супер старт – ап компанија, а таа веќе не е старт – ап компанија туку еднорог компанија.

Бизнис Инфо:Постои ли во Македонија официјален регистар на старт-ап компании и дали вакви регистри има во земјите од регионот, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија?

На територијата на Ex YU Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, вклучително и Србија, нема јасна дефиниција и критериуми за тоа што е старт-ап компанија и како старт -ап компанија се разликува од новооснована компанија. Илузорно е да се зборува за старт -ап компанија и развој на старт -ап екосистем кога немаме критериуми според кои можеме да одредиме и дефинираме што е старт -ап компанија. Не е доволно што компанијата штотуку е основана, или е во ИТ индустријата, или рапидно расте, или нуди пак некое иновативно решение. Потребно е да се утврди колку долго компанијата ќе биде старт -ап компанија, возраста на основачот на компанијата, финансирањето на компанијата, приходите и прометот што ќе го има и слично. Потребно е да се донесе законско решение (регулатива) и критериуми кои јасно ќе го дефинираат и стават во правната правна рамка како во Литванија, Шпанија, Летонија, Франција. Сè додека не се воспостават законските регулативи, сите нови компании ќе бидат само новоосновани компании и нема да го знаеме вистинското влијание на старт-ап компаниите.

Бизнис Инфо: Во Европа мал број земји имаат правна регулатива и имаат законодавство што ги признава старт-ап компаниите како единствен ентитет. Од кои земји би можеле да црпиме искуства и креираме законска регулатива?

Економскиот напредок на една земја може да се мери според тоа колку е развиена старт-ап заедницата и колку државата вложува или овозможува развој на старт-ап заедницата. Целта на истражувањето кое го изработив  беше да се анализира што се се подразбира под поимот start-up, дали постојат јасни и утврдени критериуми за тоа што е start-up и дали постои јасна законска одредба за основање и регистрација на start-up. до што се разликува од новооснована компанија. Истражувањето покажа дека, иако има голем број старт -ап компании и развиен екосистем во европските земји, но мал дел од државите имаат законска регулатива за тоа што е старт -ап компанија и како старт -ап компанија се разликува од другите компании. Според Global Startup Index 2023, најдобри земји за развој на старт -ап компании се Чешка, Шведска и Финска, но она што е интересно во овие земји не постои регулатива за дефинирање на старт- ап компанија освен за поединечни програми и проекти кои го поддржуваат екосистемот. Само Шпанија, Летонија, Франција, Латвија имаат законска регулатива за дефинирање на старт -ап компанија.

Бизнис Инфо: Каков бенефит ќе ѝ донесе регулативата на државата? Би била ли тогаш Македонија посакувана старт – ап земја која привлекува таленти, инвестиции, технологија…?

Кога би биле јасно утврдени критериумите за тоа што е старт -ап компанија, полесно би се креирале стратегии и поддршка кои државата би им ги дала на старт-ап компаниите, а тоа би можело да биде во форма на платени даноци, директни субвенции бидејќи нов производ или услуга е креирано, потоа бенефиции преку менторство, грантови, субвенции за плати за вработените итн. Добар пример за поддршка на старт-ап еко системот е Франција, која го има законот за старт-ап компании JEI (млада иновативна компанија), според кој статусот JEI е дизајниран да создаде поволна средина за стартапи во Франција, особено оние кои се занимаваат со врвни истражувачки и развојни активности. Овој закон (програма) не само што дава финансиски стимулации, туку и поттикнува култура на иновации и претприемништво, поттикнувајќи го економскиот раст и технолошкиот напредок во земјата. Регулиран законски ситем би имал многукратен бенефит, од привлекување на таленти, финансирање на иновативни проекти, приходи од странство, економски развој и напредок на Македонија и да не набројувам. Тогаш луѓето не би се занимавале  со небитни работи и вработување во јавна администрација туку на квалитетен живот.