Пекинг 2020: Ford го прикажа новиот дизајнерски јазик

31

Прва ѕвезда на Ford на Салонот во Пекинг секако е електричниот Mustang Mach-E, но компанијата го претстави и својот иден дизајнерски јазик пред јавноста.

Ford на Салонот во Пекинг одлучи да претстави и скулптура која го најавува дизајнерскиот јазик на компанијата и кој ќе биде применет кај новата генерација на Mustang автомобили. Официјално, дизајнерската скулптура го прикажува новиот дизајнерски правец наречен Progressive Energy in Strength, а на почетокот ќе биде користен од страна на Ford China.

Иако од Ford не потврдуваат дека дизајнерската студија има било каква врска со следната генерација на Mustang, спортскиот автомобил неодоливо потсетува кога ќе се погледне ова “уметничко дело“ на компанијата. Витката, но сепак атлетска силуета потсетува на fastback купе, додека предниот дел делува како еволуција на актуелниот Mustang.

Хоризонтално поставените предни светла добиваат поагресивен изглед, а поголемата решетка добива поинаква форма. Производителот вели дека оваа инсталација „демонстрира пионерски дизајн со кинески естетики и ги интерпретира идната дизајнерска насока на производите на Ford благодарение на респонзивните и агилни димензии“.

Според Ford, “течната“ силуета ја нагласува интерпретацијата на брзина, моќ и детали на Ford. “Сето ова креира динамичен протек на површината и агилност без да се загуби неговата рамнотежа, наклонувајќи се со позитивна енергија“, велат од компанијата во официјалното соопштение.

Главна одлика на дизајнерската скулптура е параметричкиот октагонски графички дизајн на решетката, кој вклучува параметарски дизајн и аранжман на матрицата која го истакнува логото на компанијата. Аголот на секое парче е уникатно, а формата е рефлектирана во октагоналната форма на решетката, што е “уметничка интерпретација на иновативниот дух на Ford“.

Од компанијата велат дека Progressive Energy in Strength дизајнерскиот јазик ќе биде оживеан од страна на нивниот нов дизајнерски центар во Кина кој ќе биде основан во октомври годинава и во него ќе бидат ангажирани талентирани кинески дизајнери.

Преземено од Avtoplus.mk